Семинарска работа по предметот
Историја на македонската популарна музика
Изработила:
Ментор:
Нора Бајрами Јулијана
Папазова
Основач и моторна
сила на бендот Blla Blla Blla…
е Идриз Амети, кој како тинејџер бил дел од бендот Wunder Kind. Идриз Амети
бил член, вокалист и на Last Expedition,
кој го напушта бендот, есента 1987 година. Преку идејата за бенд на маалските
другари, Идриз е решен да направи свој состав кој во потполност ќе ги
рефлектира неговите идеи за рокенрол-бенд. Оваа одлука ќе доведе до создавање
на уште еден значаен бенд на македонската сцена, кој за свое постојано место на
живеење и на творење ја има населбата Ѓорче Петров, или поточно улицата „4
Јули“.
Првата постава на бендот ја
сочинувале Идриз Амети како вокал, Амир Сијариќ на бас и Гоце Гогов-Хипо на
тапани. Првото име на новиот бенд, бил Mbretëresha Teuta (Кралица Теута), кое
не било прифатено од организаторите на групната свирка одржана во 1988 г., во
гимназијата „Зеф Љуш Марку“, каде учествувале и Арена и Saygon, па на самиот
настан, само за да настапат, Идриз го креира името што трае до денешен ден, Blla
Blla Blla…
Во првиот период од постоењето на бендот, неговите
членови не се многу активни, и најчесто имаат маалски свирки и дружења на пробите
во гаражи. Во средината на 1989 година, случајно ќе забележат оглас во едно
списание што се однесувал на словенечкиот фестивал за рок бендови, „Novi Rock
9000“. Ќе се пријават и ќе настапуват
во натпреварувачкиот дел на овој фестивал, на 14.9.1990 година. Освен Идриз, составот
на бендот често се менувала, па новите членови на бендот за овој настап се
Димитар Петров на тапани, Тефик Ибрахими на бас и Мухамед Ибрахими на гитара.
На концертот ќе бидат забележани од агилната независна издавачка куќа од
Марибор, „Front Rock“, која ќе му понуди на бендот издавање на EP со четири
песни. Кратко по враќањето од Љубљана, на почетокот од 1991 г., неговите
членови ќе ги снимат и првите демо-снимки за две песни, Kush kish thanë и Lufta
psiqike, во студиото „Роса“ на Роберт Саздов. Овие снимки денес се
изгубени, исто како и следните 4 што наменски ги снимаат за EP-то и кои ги
испраќаат во Марибор. Но за жал, таа година започнуваат немирите во Југославија
и договорот пропаѓа.
Првото концертно појавување на бендот по еден подолг
период на резигнација од целокупната милитаризирана ситуација, е на фестивалот
„Stop The Madness“, одржан во МКЦ на 30.10.1993 г. По овој концерт, следува
еден подолг период во кој бендот ќе биде активен, стекнувајќи вистински култен
статус во македонските андерграунд кругови, особено од моментот на почетокот на
1999 г., кога во бендот се вклучува виолинистот Ермаљ Шкупи. Првото позначајно
претставување на новиот прогресивен звук препознатлив по виолината на Ермаљ, сè
уште како демо-состав, се случува на концертот што е поддршка на кампањата на
МЦМС „Цело е кога има сè“, одржан на 1.7.1999 г. Иако материјалите за
деби-албумот бендот гo снима во текот на мај 1999 година во студиото „Моцарт“,
објавувањето на неговото прво дискографско издание ќе се случи дури наредната,
2000 г., кога под закрилата на „Bagi Music“ ќе биде издаден албумот со истото
име како и бендот, Blla Blla Blla... Прекрасниот
дизајн е дело на Идриз Амети и на Димитар Петров, а реализацијата е на Ален
Миланов. Песната што ќе го обележи овој материјал и подоцнежна кариера на
групата е секако Babayaro.
На албумот свири поставата што две
години претходно комплетно ќе го редизајнира дотогашниот звук на бендот во еден
прогресивен израз со доминантни виолински делници, звук што ќе стане
препознатлив за неговата нова фаза. Новите членови, покрај Идриз и Ермаљ, се и
ритам секцијата на Last Expedition, Влатко Јаневски и Димитар Петров. Некаде во
овој период, како последен рецидитив од минатото, во Франција ќе биде објавено
и заедничко EP со бендот No Name Nation. На овој винил ќе се најдат три песни
во живо од настапот во Љубљана на фестивалот „Novi Rock“. По објавата на
деби-албумот, ќе следуваат многубројни настапи во Македонија и надвор од неа,
како самостојни така и фестивалски: „Аларм“ (2002 г., во Охрид), „Break-21“
(Љубљана, Словенија), „Caravan-festival“, „No Borders“, „Nights of Jazz“
(Тирана), „BBC Pace and Pop Festival“ (Тирана), „Crossing Bridges“, „Peja“ итн.
Во 2002 г., ќе започне снимањето на
вториот албум на групата, кое ќе се развлече во наредните три години, а кој ќе
биде објавен од „Литиум Рекордс“ дури во 2005 година, насловен како Oversky Balkanishe Re-Form. Неговото
концертно претставување пред публиката ќе биде на 7.5.2005 г., на групниот
концерт на Градскиот плоштад, организиран по повод прославата 70 години од
победата над фашизмот. Една од првите концертни презентации на албумот надвор
од Македонија ќе биде во загрепскиот клуб „Aquarius“, на 7.12.2005 г., на
заедничкиот концерт со Кирил Џајковски.
На овој албум, кој генерално е плод
на заедничка работа на целиот бенд, за првпат ќе имаат и гости, албанската
поетеса Мимоза Ахмети во песната E lash
pas tokën. На снимањето на албумот како полноправен член на бендот
учествува и Дејан Еврушоски а како соработници се јавуваат и Љупчо Ангелов-Љупа
на акустична гитара и Ермаљ Шкупи на виолина. Интересно е дека на најголем дел
од песните автор на музиката е Влатко Јаневски, а кај текстовите е впишано и
името на Диме. Wolf & Dogs од
претходниот албум ќе добие своја психоделична верзија, но како концертен
фаворит од овој албум сепак ќе се издвои Lugat.
Албумот ќе биде промовиран на 12.12.2005 г., во клубот „Castro“. Како дел од
промотивниот пакет на Литиум, Blla Blla Blla…
ќе биде поканет да биде дел од фестивалот „Таксират 8“, на 2.12.2006 г., на
иста сцена со Iggy & The Stooges, Тимо Мас, Van Gogh и други.
Снимањето на третиот албум ќе се
развлече уште повеќе од претходните два, и ќе биде готов дури во 2011 г. Во
меѓувреме покрај пробите, концертите и подготовката на новиот материјал, ќе
бидат објавени два видеоспота за синглаовите Kujt i bije и E keqja keq më la. Конечно,
на 25.3.2011 г., во клубот „Хавана“ во Скопје ќе биде промовиран третиот албум
на групата, со назив Lamtumire, како
издание на дискографската куќа „Password production“. Овој материјал, ќе биде
снимен во постава што ги вклучува и Благојче Пенов (String Forces) на тапани,
Никола Бочваров (екс Калап) на бас и Кренар Исмаили на виолина. Во 2014 година,
Идриз ќе биде гостин на снимањето на албумот на ХаХаХа, Сами
Мажи И Жени, и заедно со Васко Атанасоски ќе ја отпее Сакам дома да живеам. Следната, 2015 г., групата ќе ја дочека во
нова постава и во подготовка на нов албум. Покрај Идриз и Кренар, сега во
бендот се Арсим Илјази на бас и Егзон Лека на тапани. Оваа постава концертно ќе
дебитира на 19.7.2015 г., на „Д Фестивал“ во Дојран.
Blla Blla Blla… кај публиката во регионот ужива статус на култен бенд, кој
не конкурира со популарноста и не прави компромиси со својата уметност, па
честопати на своите настапи демонстрира сериозен општествен ангажман. Последен
пат тоа ќе се случи во декември 2015 г., со концертот на кој собира средства за
помош за мигрантите од Блискиот Исток и
од Северна Африка. Blla Blla Blla… учествува
и во многу граѓански иницијативи, проекти и концерти посветени на мирот и на
соживотот, како и на правата на лицата со посебни потреби.
Работејќи еден подолг период на нов
материјал, кон крајот на март 2016 г., бендот ќе го сними и ќе го пушти во етер
својот прв сингл Komandant Skita, кој ќе послужи како најава за
претстојниот албум. Уште шест други теми што ќе се најдат на албумот со име Brum Për Medioferr, бендот ќе ги доработува десетина месеци, во комоцијата на
домашното студио „Blla Blla Blla“. Една од овие теми, Dua në shtëpi
të jetoj ќе биде верзија на „хитот“ на ХаХаХа, (Сакам дома да живеам), на кој и во оригиналната верзија пее Идриз
Амети. За првпат на еден албум на Blla Blla Blla… е поместена
преработка. На 29 мај таа година, групата е гостин во музичкото радио „Канал
103“, со настап во живо во емисијата „Ако никој не свири“. Во јуни 2017
г., „Password production“ ќе го објави новиот албум на Blla Blla Blla…, на винил, a дури шест месеци подоцна,
на 2 и на 3 ноември, ќе бидат одработени два последователни промотивни концерти
во киното „Фросина“ во МКЦ, по што ќе следува и една промотивна турнеја низ Македонија,
Албанија и низ Косово. Во август, неколку месеци пред концертот,
агилната промотерска куќа „Балкан Велики“ ќе објави ремикс-верзии направени од Дени Крстев и од Васко Атанасоски на две песни од овој албум, Më puth и Kе kujdes.
Blla Blla Blla… е единствената група која може да го изрази општиот
дух на Албанците и на Балканот - колективната глупост, лудилото на промените,
заробената моќ на лидерите, тешки страдања, вечна војна меѓу контрастите и
славењето на недостижното се изразуваат на многу посебен начин во музиката на Blla Blla Blla…. Не би било
премногу да се каже дека овој е најспецијалниот и најдобриот албански музички
бенд. Нивните три албуми: Blla Blla Blla… 2000 г., Oversky Balkan Re-form 2005 г., и Lamtumirë, 2011 г., се албуми каде што сите
песни се одлични креации. Извонредно е како тие биле во можност да се
одржат на толку високо уметничко ниво со сето она што го напишале. Нивната музика е прекрасна токму поради тоа што јасно ја изразува борбата
помеѓу звукот и зборот.
Меѓу примерите на ангажирани текстови (од социјален-политички аспект) во кои може да се увиди и политичкото лудило јасно се отсликува во песната Komandant Skita. Голем дел од песната, од лингвистички аспект, е повторување на овие три збора: "Али, Сали, Брус Ли". Зборовите
се оставени во тајност како да не е познато за кого се зборува - додека за
човек што ја познава албанската реалност и албанската и регионалната политика, тој многу добро разбира за кого
се зборува. И ова е направено намерно, бидејќи подоцна песната продолжува:
"Знам кој си", па дури и ако не се појавуваат целосни имиња, сите
разбирааткои се референците. Лидерите се кријат зад медиумите, и мислат дека
луѓето не разбираат која е вистината.
Но, вистината е дека лидерите не знаат кој е обичниот народ. Значи,
песната продолжува: "Знам кој си ... но не знаеш кој сум јас".
Постојат многу песни кои може да се
земат како примери на глупоста
што се појавува преку јазикот; Една од нив е една од најпопуларните песни на Blla Blla Blla… наречена Babayaro и е дел од албумот Blla Blla Blla…. Песната започнува со прекрасен
вовед кој ги спојува звуците на виолината со моќниот бас и батерија; јазикот се вклучува само после првата минута со еден повик што
постојано се
повторува: “ore babajaro ku ji e o”. Првото чувство што го дава ова песна е дека тоа што не се разбира во кој јазик е, дури и кога подоцна ќе мислиш дека си разбрал еден збор, пак грешиш, зошто не може да се разбере текстот како едена целина. Други примери во други песни се: повторување на во “huma humamaj” во песната Wolf and Dogs или песната Sha lla lla од албумот Lamtumirë, каде што голем дел од песната е само повторување на истата фраза “Sha lla lla”.
Прашањата што се појавуваат природно се: што се овие
бесмислени повици? Дали се дел од јазикот? И ако тие се дел од јазикот, на кој
јазик се тие? За да одговориме на овие прашања треба да направиме фундаментална
разлика: поезијата е развој на јазикот, музиката е рушењето на јазикот.
Поезијата го збогатува јазикот: јазикот што го зборуваме е дар на поетите. За да пишуваш поезија треба да си вљубен во јазикот - и кога таа
љубов ќе трае, нормално дека ќе постои и едно дете. Музиката е во спротивност со поезијата: бидејќо музиката
го уништува јазикот, ќе го направи роб
на мелодијата.
Blla Blla Blla…, без никаква причина на јазикот, го покажуват тоа дека јазикот не е
никаква причина во музиката, и токму за оваа за нив важи зборот “или правиш
добра песна или не, јазикот не е причина“. Ова се конфирмираше и со голем број
на луѓе, публика од сите генерации и националитети присутни во нивните
концерти, особено на последните два големи концерти во ноември 2017 г.
Коментари
за последниот концерт одржан во 2-3.11.2017 г., во кино „Фросина“ во МКЦ
Бехар Весели (професор во ДМБУЦ „Илија
Николовки Луј“):
„Идриз и Кренар (воедно вториот
и мој најдобар животен другар) беа добро запознаени и редовни посетители на
сите концерти кои јас ги спремав било тоа да беше со хорот на ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ - (хорот на албанските
паралелки) или со хорот на авторскиот проект „Симбиоза“ кој јас го реалзирав со
мојот пријател-колега, композиторот Дамјан Темков. Од мене беше побарано да
креирам камерен хор кој ќе настапи заедно со бендот на промотивните два
концерти на нивниот најнов албум Brum për mediofer. Улогата на хорот беше да
донесе нови вокални можности и бои во интерпретацијата на песните, но
истовремено тоа постигнувајки го од секундарна или терцијална позиција на
сцена, така да бендот би го имал цело време „главниот збор“ и во ниеден миг не
би била нарушена нивната карактеристична интима во излагањето на музичките
материјали. Мелодиските линии за хорот беа аранжирани од мене и Кренар со
заедничка работа“.
„Со
хорот беа оддржани самостојни проби, и уште 4 беа заендички со бендот и другите
инструменталисти учесници во концертот. Како нивно прво искуство од ваков тип
(а воедно и мое и на хористите), соработката беше на завидно ниво, во пријатна
и позитивна атмосфера. Вложениот труд беше награден на двата концерти во кои
публиката со долг аплауз го награди конзумираниот материјал, кој што со сите негови
протагонисти зазвучи свежо енергично“.
Шинаси Рамадан (студент, III-год., соло пеење, ФМУ-Скопје):
„Тоа
беше незаборавно искуство. Работата со нив беше едно од најзабавните искуства
што ги имав и во исто време беше многу професионално направено. Секоја проба
одеше непречено и ефективнo. На почетокот за мене нивната музика беше чудна
бидејќи беше нешто ново за мене. Музиката беше мешавина од народна музика и рок
музика која имаше јасна порака. И мислам дека тоа е причината зошто нивната
музика е толку посебна што секој може да се поврзе со нивните "реалистични"
песни. Го видов тоа на денот на концертот, сите пееја заедно со нас, тоа беше
многу посебно искуство, бидејќи сета тешка работа што ја вложивме во овој
проект се одвиваше непречено во секој детаљ. Беше вистинско задоволство да
бидам дел од еден од нивните последни концерти, и се надевам дека ќе продолжат
да ја прават својата неверојатна уметност“.
Дискографија:
Blla Blla Blla / CD / Bagi Music, 1999
Underground
Of Macedonia / Split (with No Name Nation) / 7”EP / Tian An Man ’89 (Франција), 2000
Oversky
Balkanishe Re-Form /
CD / Lithium Records, 2005
Lamtumirë/ CD /
Password Production, 2011
Brum për
Medioferr / LP / Password Production, 2017
Литература:
Филиповски, Тошо. 2018. Македонска РОК Енциклопедија (1963−2018) – прв том. Скопје:
Corpus Delicti Records.
https://peizazhe.com/2016/06/23/mbi-marrezine-dhe-muziken-ii/ (пристапено
на 12.4.2018)
Интервју со Бехар Весели, Скопје, 9.5.2018 г.
Интервју со Шинаси Рамадан, Скопје, 6.5.2018 г.
No comments:
Post a Comment