Семинарска работа по предметот
Историја на македонската популарна музика
изработила Јована Илиоска
Скопје, 2018
• Драган
Ѓаконовски – Шпато
(
11
март 1931 – 3 јануари 1987 Скопје
) —истакнат македонски композитор, диригент и музички
аранжер. Важи за зачетник на македонската
забавна музика. Како автор на бројни забавни мелодии,
на аранжмани за забавна музика и џез,
почнувајќи од првите повоени години.
Бројни
генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на македонска
џез-композиција насловена Тема И, што
ја создал во 1947 година.
Се сметал за извонредно надарен музички инструменталист кој формирал повеќе
оркестри и групи.
“Со својот музички талент тој беше далеку над времето во кое забавната музика и џезот се наоѓаа во Македонија. Беше единствен по својата способност да ги дешифрира тонските снимки. Тоа не беше препишување, туку една вистинска музичка креација. Од таа музика тој правеше совршени аранжмани за скромните музички ансамбли“. Ова се зборовите на музичкиот гениј, композитор и пијанист Ладислав Палфи, за уште еден музички македонски гениј – Драган Ѓаконовски-Шпато (1931-1987). Македонскиот композитор, диригент и музички аранжерДраганЃаконовскиШпато се смета за зачетник на македонската забавна музика кој зад себе остави вистинско звучно богатство чија убавина, автентичност и влијанието кое што го извршине е надминато.
Гарача, Далечен крај, Жолта липа, За нас почнува живот, Зар вистина е
крај, Лени, Ми вети ти, Молчи една долина, Носталгија, Последен ден на разделбата, Љубовна тема... се дел од вокалните композиции кои не се само печат на едно време, туку се дел и од ова наше денешно совремие, особено сликајќи го животот во Скопје, преку лириката, но и преку музичката содржина, формата, хармонските решенија, наративноста.
Незаборавни се и инструменталните теми во кои е инкорпориран џез и блуз изразот, како Блузот на црната жена, Песна на младоста вечна, Reg Time, Гарача, Гитарата ја оплакува смртта на Муриета, Далечен крај, Дојди есен, Кога си сама, Ми вети ти (џез-верзија), Јас не сум ти... Овие, и уште многу други композиции пренесени и
на денешната генерација, имаат антологиска, културолошка вредност која е и треба да биде репер за уметничко обликување на т.н. забавна музика, да го разбие клишето и да стане, ако веќе не е, оска околу која ќе ротираат останатите македонски звучни новитети.
Драган Ѓаконовски-Шпато потекнувал од музичко семејство. Најпрвин изучувал виолина, а потоа и хармоника и како член на семејно трио (заедно со таткому Васил и неговиот постар брат Хари) ги имал и првите јавни настапи. Всушност, настапот на триото „Шпато“ на програмата на Радио Скопје набргу
по завршувањето на Втората светска војна, се смета и за почетокот на македонската забавна музичка сцена.
Подоцна, Шпато почнал да проучува разни инструменти и да аранжира музика од, во време, славните звучни имиња и особено да ја следи џез-музиката. Средно музичко училиште учел во Скопје и паралелно формирал и
свирел во мали состави, меѓу нив и во поголемиот ансамбл „Саџо“ (1948) – Студентски аматерски џез-оркестар, создавајќи ја својата композиција На игранка, компонирана во стил на блуз дванаесетерец. Токму оваа композиција, во 1983 година на „Скопскиот џез - фестивал“, е прогласена за прва македонска џез-композиција. Главно, Шпато пишувал, аранжирал и снимал за потребите на Радио Скопје, тогаш единственото културно прибежиште на уметниците, каде останал до крајот на својот работен век. Rаководел
и со Оркестарот на милицијата, Ритмичкиот секстет на Радио Скопје, од кој во 1956 година се формира поголемиот Забавен оркестар, а во 1961 година Танцовиот оркестар, или Биг-бенд на Радио Скопје, каде Шпато бил негов прв диригент.
За Шпато кружат многу легенди, а едната од нив е мошне интересна и неговите колеги ја сведочат:
Шпато го гледал филмот „Бал на вода“ 36 пати и успеал да ја запише, по слух, музиката од целиот филм. Бил еден од најпознатите композитори и во рамките на поранешна Југославија, учествувајќи на тамошните фестивали и здобивајќи се со многубројни награди. Песната Еден бакнеж, на пример, доживеала посебен успех изведена на фестивалот „Опатија“ (1962), во негов аранжман.
Од посебно значење за македонската музичка сцена е формирањето на познатиот вокален квартет „Импулси“ (1969), кога Шпато остварува исклучително плодна творечка активност.
Слика од филмот ,,Бал на вода” 1944, САД
Во 1971 година, Ѓаконовски, за фестивалот ,,Скопје’71’’ испраќа две композиции: Жолта липа и Глас во далечинa. Но поради неговите здраствени проблеми тој не е во состојба да диригира на фестивалот, туку го следи од публика. На фестивалот ,,Скопје” по втор пат ќе се претстави квартетот ,,Импулси”. За нивниот втор фестивалски настап Шпато ја пишува композицијата Глас во далечинa.
Таа е фолклорно обоена
композиција, во 5/8 такт, но во џез-ритам, формата е: aa +b +a + Coda. Во
текстот на оваа композиција се опишуваат љубовта и спомените во родниот град. За неа Шпато добива награда од
стручното жири, а ,,Импулси” се среќни што на својот втор настап се закитуваат и
со награда, но уште повеќе што добиваат комплименти, пред се од стручната
музичка јавност.
,,Импулси” подготовка за фестивалот ,,Скопје ‘71”
Во композицијата Зар
вистина е кра се опишува за една љубов која за жал не успеала, формата е:
строфа + рефрен + Coda. Композицијата Зар вистина е кра му ја посветува
на Томислав Маниќ, со желба тој да ја пее на фестивалот. Но, комисијата за избор на
интерпретатори го одбива неговиот предлог со образложение дека треба да им се
даде шанса на помлади пејачи. Шпато е многу револтиран од таа одлука:
,, Тие преголеми
главотињи во музиката како да не знаат дека нема стари и млади во музиката,
туку добри и лоши пејачи”.
Сепак Шпато признава дека
имал среќа со младиот интерпретатор Веле Матевски, кој композицијата Зар
вистина е краj на фестивалот ја интерпретира мошне успешно. Матевски, посебно
добар во студиската
снимка која и до ден денес е една од најемитуваните и несомнено, една од
најпопуларните композиции на Драган Ѓаконовски Шпато, во забавниот жанр во
музиката.
Литература:
-
Димитров,
Ванчо. 2010. Драган Ѓаконовски-Шпато. Музичка
легенда. Скопје: МИЦ
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%BD_%D0%83%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_-_%D0%A8%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE