Friday, July 6, 2018

Диме Поповски


Проектна задача за предметот:
Историја на македонската популарна музика

Студент: Викторија Додевска
Четврта година на студиската програма музичка теорија и педагогија – насока сонологија со мултимедија

За идејата


Покрај обврските на Факултетот за музичка уметност, сакав да почнам и да работам, и така се одлучив тоа да го направам во Телевизија Плус во Куманово, која е локална телевизија и која постои веќе 3 години.
На почетокот бев на обуки, а по три недели почнав и со официјалната работа како презентер на вести. Меѓутоа уште од тогаш со уредниците разговаравме дека би требало да се започне со емитување на емисија во живо, која што би била од информативно-забавен карактер.
Со сериозни подготовки започнавме во текот на минатиот август, подготвивме концепт, сценарио, вид на музика која што би ја пуштале, како и обработка на податоци и информации кои исто така треба да бидат вклучени во програмата.
После три месеци подготовки и промени во сценарото, пробни снимања, се роди „Студио +”. Ама сепак требаше уште малку време додека да созрее целиот труд за да почнеме со емитувње овој март.
„Студио +е емисија која се емитува од понеделник до петок, од 12:00 часот до 13 часот и 30 минути. Тоа е период во кој телевизија гледаат децата кои се враќаат или се подготвуваат за на училиште или некои повозрасни луѓе.. Искрено речено, ниту јас не следев телевизија баш во тој период од денот.
Сценариото на емисијата го подготвував со многу ентуијазам затоа што сакав на гледачите да им ги пружам најсуштинските информации, со суптилна поврзаност со песните кои ги бирав со многу големо внимание.
Во една прилика, бидејќи понекогаш цела недела претходно почнувам со барање на информации, дојдов до фактот дека набргу се спрема одбележување на гидишнината од смртта на Ацо Шопов. Но, она што ми беше уште по мило е мислата што ми помина во главата дека јас веќе имам слушнато како една негова поезија е препеана. Се работи за песната Очи, ја пее Диме Поповски, а истата ја имав слушнато неколку дена пред тоа.
Бев воодушевена од гласот на Диме, од емоцијата која што ја доживеав од бојата на неговиот глас. А, тоа ме натера да преслушам уште неколку други песни кои тој ги пее.
Спојот на овие две работи ми дадоа уште повеќе елан за работа и за истражување на квалитетни информации и за конретната содржина која е актуелна да се каже во емисијата, но и за истражување на пејачите и песните за да можам да кажам некоја информација плус која, според мене, е духовно добро да се знае.

За истражувањето

Диме Поповски, како што е наведено погоре, го слушнав на Јутуб, по повод барање песни за во емисијата. Меѓутоа, нежноста и убоста која беше суштината на неговиот глас ме оставија без зборови. Следот на настаните и на обврските за на Факултет ме наведоа, поради споменатите причини, да посакам да истражам нешто повеќе за неговата личност.
Предметот - Историја на македонската популарна музика, многу ми помогна за целата оваа работа да биде завршена до крај, затоа што за Диме Поповски имавме учено покрај композиторите на популарната музика тука кај нас.
Тој се има истакнато на повеќе фестивали каде што има освоено награди. Но, тоа е се што има како податок за него, исто така, следуваше  помош на професорката Ј.Папазова и една интернет страна која им напишано нешто за него.
Избор на песните кои ги пее Диме Поповски:
Лени, Последен ден на разделба, Девојко љубов ми вети ти ( вокалната верзија е на Гарача) – овие песни се на Драган Ѓаконовси Шпато
 Штом те видам – е на Александар Џамбазов, оваа песна ја пее на „Опатија“ во 1966 година
О галеби бели – Џамбазов, Опатија 1973
Срамежливи – Џамбазов, промовирана на првиот „Скопски фестивал“ 1968, дует со Виолета Томовска
Дојди – Џамбазов, „Опатија“ 1967, дует со Виолета Томовска, 3-та награда

            Во прилог следува текстот кој е објавен на страната daily.mk кој е посветен на Диме Поповски.
„ДИМЕ ПОПОВСКИ – најдобриот македонски машки глас на 20-иот век!“
Диме Поповски е еден од пејачите кои со својот глас остави силен, неповторлив печат во македонската забавна музика во 60-ти те и 70-тите години на минатиот век. Според многумина, тој е несомнено најдобриот машки глас на македонската забавна музика во 20-иот век. Незаборавни се неговите Лени, Ноќеска шумеа брезите, Планино, моја рудино, Девојко, Мојот дом, Убавино, насмевни се и секако македонскиот бисер Запеј ми, Славче. Нема поширок пристап на податоци од неговата биографија, освен дека неколку децении работеше како режисер на документарни филмови во МТВ. Како илустрација ви го нудиме видеото со еден од ретките зачувани видеозаписи

на Диме Поповски снимено 1984 година на Охридското езеро, со изведбата на неговиот евергрин Последен ден на разделбата. Песната е компонирана од легендарниот Драган Ѓаконовски – Шпато, на текст на Благоја Стефановски, која Диме Поповски во 1970 година оригинално ќе ја изведе на „Скопскиот фестивал 1970“ и со неа ќе ја освои Првата награда на стручното жири.” – текстот е напишан на 12 мај 2015 година.

            Покрај овие информации, не можев да најдам нешто повеќе за него, па така во консултација со професорката, добив контакт од маестро Александар Џамбазов. Од разговорот со него можев да слушнам и доживеам една слика, емоција и култура на едно одминато време, како и печатот што целокупното општество го имало баш поради културниот ек. Сепак, ниту тој немаше информација плус, од она малку што успеав да слушнам и најдам за него.

Песните кои оставија впечаток на мене се Очи, Убавино насмевни се и Планино моја рудино.

Очи – Ацо Шопов

Три дена на раце те носевме збрана
Со тага и болка во погледот срцен
И секоја капка на твојата рана
Ко крвава жар ни капеше в срце

Другарите беа и морни и гладни
Со згорени грла и свиени плеќи
Со тап бол се впија во очите ладни
И жалеа оти не ќе пламнат веќе

Но јас знаев оти пак ќе вивнат в жарој
И борците под нив ќе цветаат и раснат

В студените утра ќе греат ко сонце
И никога нема да стијнат и згаснат

Последната вечер в планинското село
Кај борците беа со дрипава дреа
Со пликови жешки на стапалки тешки
И смрштени чела – сгасени, мразни
Ко нивните пушки укочени, празни
И нечујно, глувно, со здушена раја
Се точеше шепот од уво до уво:
Утре, друже, в зори, страшен бој не чека
А ние сме малку – сал неколку души..

И кога со игла ти прободе уши –
Ти растресе снага и размолкска тага
Со лунјени очи широки и волни
Ги расече в ноќта здивените молнји!

Ко тогаш, ко тогаш, о другарко, помниш –
В смрзнатата вечер на пролетта рана
Кај нашата младост и првата радост
Ја косеше луто куршумната слана
А ти чело збрчка ко тигрица рипна
И летна во ноќта крвава и црна
Со своите очи што ригаа пламен
Ги растопи часкум челичните зрна

И псоле, и после – в последната вечер

Јас нејќам да мислам што потаму стана
Сал помнам те изли крвавата рана
Прошталниот шепот ти замрзна в усни

А утрината кога зрив чела ни спраши
Ти не беше веќе в редовите наши
Но скипеа борци со одмазда жолчна
И видов, о видов – кога бојот почна
Развихреа сите со твојата сила
Ко елени брзи и лесни ко птица

А твоите оли се искреа гневно
Во нивните потни, распалени лица

Текстот е адаптиран за песната, а музиката е на Славе Димитров. Напишана е во 1974 година.


Убавино насмевни се

Убавино насмевни се, како ден
Убавино насмевни се, како цвет

Ко фреска ќе те чувам
Ко галеб ќе се нурнам в твојот бран
Убавино насмевни се, јас сум твој

До ѕвезди ќе те љубам од радост дур не пукне душава

Убавино насмевни се, јас сум твој
Со тивка песна и силна љубов
Те чекам на брегот, Стефанија
Љуби ме нежно, бакни ме нежно
И смири го бранот, Стефанија

Погледни ме, Стефанија
Погледни ме, залуди ме

Убавино насмевни се, биди сон
Убавино насмевни се, биди брег
Езереоно по тебе, да фрла силни бранови - пенливи

Убавино насмевни се, смири ме
Зајдисонце ќе сотрам за небото да гори и изгори
Убавино насмевни се, јас сум твој

Со тивка песна и силна љубов
Те чекам на брегот, Стефанија
Љуби ме нежно, бакни ме нежно
И смири го бранот, Стефанија

Погледни ме, Стефанија
Погледни ме, залуди ме

Убавино насмевни се, како ден
Убавино насмевни се, биди сон
Биди сон

Планино, моја рудино – феноменален спој на Коџабашија, Шпато и Диме
Текстот за ова евергрин дело на македонската забавна музика е Ѓоко Георгиев, а музиката е на Јане Коџабашија. Оваа песна на Јане Коџабашија освои две награди на „Скопскиот фестивал“ во 1968 година – втора награда од публиката и награда за текст. На фестивалот оваа песна во два различни аранжмани ја исполнија Виолета Томовска и Диме Поповски . Врвот на популарноста песната го стекна со изведбата на Поповски, во аранжман на Драган Ѓаконовски-Шпато, две години после премиерната изведба во Скопје.” – оваа статија исто така ја најдов на страната daily.mk. Објавено е на 12 февруари 2015 година

Планино моја рудино

Под пазуви свои те чувам
Ко сказна си ти за нас
Те дишам јас и те љубам
Низ развигор слушам твој глас

Планино моја рудино
Бакнеж до небо високо
За што раскажуваш ти
Стадата да заблејале, овчари да запејале
Или пак, тагуваш ти

Над мене стоиш ко судба
Од луда чуваш мој стих
За сиот живот мој дружба
До задни стегнати дни

Планино моја рудино
Бакнеж до небо високо
За што раскажуваш ти

Стадата да заблејале, овчари да запејале
Или пак, тагуваш ти

Над мене стоиш ко судба
Од луда чуваш мој стих
За сиот живот мој дружба
До задни стегнати дни

Планино моја рудино
Бакнеж до небо високо
За што раскажуваш ти
Стадата да заблејале, овчари да запејале
Или пак, тагуваш ти

Ме стивна таа твоја љубов
Најтрепетна песна си ти



Литература:

„ДИМЕ ПОПОВСКИ – најдобриот македонски машки глас на 20-иот век!“. Во: www.daily.mk, 12.5.2015 (пристапено април/мај 2018 г.)
Интервју со маестро Александар Џамбазов, април, 2018 г.
„Планино, моја рудино – феноменален спој на Коџабашија, Шпато и Диме“. Во: www.daily.mk, 12.2.2015 (пристапено април/мај 2018 г.)

No comments:

Post a Comment