Friday, July 6, 2018

Животот и творештвото на маестро Александар Џамбазов


Семинарска работа по предметот Историја на македонската популарна музика

           Mентор:                                                                                        Изработил:
проф. д-р Јулијана Папазова                                                             Пеце Климоски


Александар Џамбазов


Александар Џамбазов потекнува од музикално семејство, односно неговиот талент го наследува не само од неговиот татко туку и од неговата тетка која му пеела песни како мал. Роден е во селото Стапар, на 3.2.1936 година, на поднебјето на пространа Војводина. Детството го поминува во Штип и во Скопје, каде што доаѓа во контакт со богатиот национален мелос. Тој мелос остава видни траги во неговите музички дела. Односно пораснат е во средина во која свирењето и пеењето се традиција и каде што песната е составен дел на секојдневниот живот. Џамбазов го добива своето прво музичко образование во Штип, кај музичкиот педагог Сергеј Михајлов. Љубовта кон музиката го одведува во Средното музичко училиште во Скопје, а по завршувањето на школата се запишува на Музичката академија во Белград 1956 година, каде и дипломира на наставно-теоретскиот оддел, во класата на професорот Марко Тајчевиќ. Најголемите виновници за успехот на Џамбазов се  култниот филм Бал на Вода и Драган Ѓаконовски Шпато. На 17 години свири гитара во оркестарон на Шпато. Тогаш во 1953 г., ја пишува и неговата првата  композиција на која Шпато направил мали корекции и се потпишал „Поправио Драган Ѓаконовски Шпато”.

Во 1960 година уште како студент испраќа композиција на фестивалот „Опатија“. Тоа било „Југословенско Сан Ремо“. Во конкуренција од 402 композиции ја примаат неговата „Песма повратка“ изведена т.е песната ја пеела Габи Новак. След­на­та го­ди­на Џам­ба­зов додека е во ЈНА ис­пра­тил две ком­по­зи­ции на кон­кур­сот во „Опа­ти­ја“, две­те му ги при­ми­ле. Во 1962 го­ди­на, сe уште во вој­ска, бил пре­фр­лен во Вра­ње, ис­пра­тил три ком­по­зи­ции, и три­те му ги при­ми­ле.
 По завршувањето на Музичката академија во Белград, работниот век го минува во Македонската радио телевизија како диригент на танцовиот и на ревискиот оркестар. Неговиот главен творечки опус го сочинуваат композиции од забавниот жанр, пишување во стилот на Џорџ Гершвин и Кол Портер, а мелодиката и ритмиката ги содржат богатите звучни колорити на македонскиот национален мелос. Опфаќајќи широка скала разновидни комбинации и потенцирајќи ги фолклорните елементи Џамбазов најавува специфичен стил на музичко изразување и создава поголем број разновидни композиции кои звучат инвентивно, и во форма на популарни шлагери, и во форма на поголеми композиции, како што му е успешната Рапсодија за Скопје за  пијано и симфониски оркестар создадена во 1966 година. Џамбазов започнува да ја пишува како Рапсодија за Охрид во 1957 г.

 Во Охрид е напревена првата скица на нотна тетратка па потоа после одреден период  ја трга на страна па се навраќа подоцна и ја трансформира во Рапсодија за Скопје посветена за градот Скопје поради катастрофалниот земјотрес кој се случува 1963 година и тоа е една од клучните причини зошто е преименува во Рапсодија за Скопје.
Прва тема на Рапсодија за Скопје:

  За оваа композиција има добиено награда на меѓународниот конкурс во Италија - Кава де Тирени за композиции од областа на симфониски-џез и во кон­ку­рен­ци­ја на 78 композиции ја освоил третата награда. Во оваа дело, Џамбазов се стремел да креира добро дело кое следејќи ги вообичаените патишта на симфонизираниот џез на Гершвин и на неговите следбеници, ќе го понесе во своето музичко ткиво и колоритот на нашето поднебје и ритмичкото богатство на македонската народна песна. Рапсодијата содржи вовед и седум контрастни теми, логично поврзани во целина. Меѓу нив се изменуваат асиметрични ритмички комбинации во ритмот на свингот, секогаш со мошне истакната солистичка партија на пијаното.
Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број на популарни композиции и детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје основан во 1971 г.. Пишувал сценска музика и филмска музика (Мементо, Мајка, Двајца на нишалка итн.) и повеќе дела од класичната музика, Седум танцови варијации - за пијано и оркестар (1977), Месечева љубов за глас и пијано и др. Компонирал и хорски композиции, популарни маршови и младински масовни песни, за кои добива поголем број награди на конкурси.

Свинг делот на Рапсодија за Скопје:

Ќе ги обележиме и Седумте танцови варијации за пијано и оркестар од Џамбазов. Првиот дел на темата од овие варијации е допадлива дијатонска мелодија, која во својот натамошен тек модулира низ неколку тоналитети, врајќајќи се одново на почетниот тоналитет. Иако мошне едноставна, оваа тема дава можност за занимливо хармонско обликување. Во ова дело се искористени разновидни начини на работа. Така на пример во една од нив се употребува ритмички комбинации во неправилен метар, во друга се чувствува ритамот и карактерот на менуетот, потоа на валцерот итн., до последната варијација, која по карактер е впечатлива и маестозна. Пијаното и овде доаѓа до израз како солистички инструмент. Секоја варијација е одделна креација, која дејствува контрастно во однос на соседните музички пиеси, не преземајќи врз себе улога на алка во изградувањето на единствена архитектоника на целиот циклус.
            Со посебна смисла за доделување на поетска, едукативна содржина, композиторот пишува песни за деца како што се Еј гу­ла­би, гу­ла­би бе­ли,

За си­те де­ца, Пес­на за Скоп­је, Мо­ја­та учи­тел­ка и многу други.
Исто така, важно е да се спомене дека најголемиот дел од неговите популарни фестивалски композиции биле во дурски тоналитет а една од ретките  во молски тоналитет е песната Детство:

Како диригент и раководител на Танцовиот оркестар на Радио-телевизија Скопје поминува 37 години од неговиот работен век каде што вели благодарение на  иск­лу­чи­тел­на­та лич­ност на Дра­ган Ѓа­ко­нов­скиШпа­то, како и на по­ја­ва­та на култ­ни­те фил­мо­ви Бал на во­да, а по­доц­на на Мом­че­то со тру­ба. Во 1961 г., Џамбазов е дел од формирањето на биг-бендот од кој на почетокот од тројца музичари кои биле примени двајца не знаеле ноти. Танцовиот оркестар маестро Џамбазов го води до 2001 година до неговото пензионирање. Како пропагатор и изведувач на домашниот забавен репертоар, покажува видно залагање и во организирањето на разновидни музичко забавни манифестации. Тој бил секретар на Управниот одбор на Друштвото на композиторите на Македонија, а за музичко творештвото, на разни конкурси има освоено повеќе награди во земјата и во странство. Неговиот опус е многу голем и е многу плоден македонски композитор. Зад не­го­во­то име стојат за­пи­ша­ни по­ве­ќе од 1.450 студи­ски за­пи­си, дет­ски пес­ни, шла­ге­ри или забавни композиции, пес­ни за ор­ке­стар, му­зи­ка за филм и за театар. Бе­ше ди­ри­гент на пос­лед­на­та Евро­ви­зи­ја со ор­ке­стар, ко­га Ма­ке­до­ни­ја ја прет­ста­ву­ва­ше Вла­до Ја­нев­ски. Во чест на неговиот 80-ти роденден во организација на СОКОМ во 2016 г., беше одржан концерт со Македонската филхармонија, диригентот Саша Николовски-Ѓумар и повеќе солисти, а беше промовирана и монографијата за маестро Маестро Александар Џамбазов. Живот низ сеќавања, афоризми, сентенции од Ј. Папазова и Е. Новаковска.
______________________________________________________________


Литература:
Ортаков, Бојан. Александар Џамбазов. Живот и дело. Семинарска работа. Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Факултет за музичка уметност, Скопје, 1984
Папазова Јулијана, Новаковска Елени. 2016. Маестро Александар Џамбазов. Живот низ сеќавања, афоризми, сентенции. Скопје: ЦЕМ
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80_%D0%8F%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D0%B2
https://www.mkd.mk/kultura/muzika/zhivotot-i-deloto-na-aleksandar-dzhambazov-dobija-traen-zapis-vo-monografsko-izdanie

No comments:

Post a Comment