Семинарка работа по предметот:
Историја на македонската популарна музика
МИЗАР
МИЗАР
Ментор: Јулијана Папазова
Изработил: Теодор Танески
Кратка историја
Мизар е македонска рок група формирана во 1981 г., во Скопје, од страна на: Горазд
Чаповски (гитара), Ристо Вртев (вокал), Илија Стојановски (бас гитара) и Панта Џамбазоски (тапани). Името на групата, Мизар, на арапски јазик значи, ѕвезда водилка која на
патниците им помага да не се загубат во пустината.
Првиот
настап на Мизар се случил во „Домот
на млади“ (денес МКЦ) во Скопје во 1982 година.
Настапиле како предгрупа на Електрични оргазам
од Белград. Првиот позначаен настап на Мизар надвор од Македонија е на
фестивалот „ЈУРМ“ во Љубљана. Но поголем
успех Мизар доживува на „Младинскиот фестивал“
во Суботица во 1987 г.,
каде што според гласовите на жирито го поделиле првото место заедно со КУД
Идијоти, Град, Тужне уши и Индуст баг. Концертни снимки на нивните песни Градот е нем и Златно сонце се нашле на компилацијата Омладина 87 најбољи уживо.
По објавувањето на неколку албуми со Кисмет, Чаповски
во 1999 г., се
вратил во Македонија и продолжил да работи со Кисмет, кој заедно со него, бил
сочинет од Илија Стојановски (бас
гитара) и Стефан Поповиќ (тапани). Тие го
поттикнале снимањето на дискот Tribute To
Mizar (2001) на кој
песните на Мизар биле обработени од македонски алтернативни групи како: Ден потоа, Синијак, Music Makers, Ataraxia, No Name Nation, Мајаковски, Brainless Genius и други. Lithium
Records на почетокот на 2003 г., на компакт дискови ги ре-издала првите две плочи на Мизар, дополнувајќи ги со претходно необјавени демо и концертни снимки.
Отрковенија на
Мизар
Второ откровение
На почетокот, групата била повеќе ориентирана кон рок музиката.
Но, во 1985 г.,
на местото на Ристо Вртев како пејач дошол Горан Таневски,
а како клавијатурист Слободан
Стојков. Истата година снимиле неколку демо песни и тргнале на југословенска турнеја заедно со Laibach и со Disciplin a kitschme. Со таа промена го промениле и стилот, и под името „Мизар - второ откровение“
нуделе музика базирана на старословенското пеење, македонскиот фолклор, византиската традиција и дарк звукот. Подоцна
се издадени првите два албуми, и двата се
издадени за Helidon од Љубљана.
Трето откровение
Во 2002 г., се родила идејата за повторно собирање на групата. Наскоро, тие се собрале под името „Мизар-трето откровение“, при што во групата се собрале музичари кои во различни фази доаѓале и заминувале од групата.
На почетокот на 2003 г., Мизар го објавиле синглот Почесна стрелба, кој во многу кус период ги срушил сите рекорди на популарност.
Албумот Кобна убавина
бил сниман од јануари до јули 2003 г., во студиото „Тралала“, под продуцентската палка на Горазд Чаповски и Горан Трајкоски, а бил мастериран во љубљанското „Метро“, од страна на Јанез Крижај.
Четврто
откровение
Во 2010 г., Мизар објавиле нов албум, насловен како Детето и белото море. Албумот е составенод 10 теми со мотиви од македонската милениумска звучна традиција, збогатена со старословенско пеење, македонски фолклор, византиска традиција и дарк звук. Албумот бил создаден со нов состав на групата, во кој,
од оригиналните членови на групата, свирел само Горазд Чаповски.
Инаку, во креирањето на албумот учествувал
и македонскиот византиски хор Хармосини. На 6.3 2014 г., Мизар свиреле како предгрупа на концертот на Симпл мајндс
(Simple Minds), одржан во салата „Кале“,
во Скопје. Исто така,
Чаповски го најавил излегувањето на новиот албум,
наречен Шарена крава, снимен во студиото „До-ре-ми“ што е најава за петто откровение. Притоа, во новата постава на
Мизар биле и Зоран Ориѓански,
Пеце Китаноски и Сашо Гигов-Гиш. На овој албум, групата им се вратила на рок-корените, ослободувајќи се од македонската традиционална музика и патриотизмот. Како прв сингл од албумот бил издадена песната
Indian summer, а на песната Небо гостувала пејачката Јана Бурческа, која претходно била дел од шоуто за музички таленти
„Македонски идол“.
Документарни
фимови
Во 2015 година е
снимен краткометражниот документарен филм Мизар
- ѕвезда на надежта чиј автор е Марко
Џамбазоски. Ова е воедно
и првиот документарен филм за Мизар, кој го раскажува почетниот, можеби најнепознатиот
период на Мизар, од 1981 година до снимањето на првиот албум во 1988 година.
Филмот е базиран на сеќавањата на членовите на Мизар од тој период: Горазд Чаповски, Панта Џамбазоски, Горан Таневски, Илија Стојановски и Слободан
Стојков. Филмот беше
прикажан на неколку интернационални филмски фестивали како што се: „Стариград
Пакленица“ (Хрватска), „ДОРФ“ (Хрватска), „Скопскиот филмски фестивал“
(Македонија), „МакеДокс“ (Македонија), „КРАФ“ (Србија) и други.
Покрај овој филм,
за бендот Мизар се говори и во документарниот филм на Владимир Петровски-Картер, Македонскиот Рокенрол, кој што
сведочи за целокупната македонска рок сцена од нејзиното настанување па сè до
2000-тите години. Филмот беше прикажан на интернационалниот филмски фестивал
„Синедејс-М“ во Скопје.
________________________________________________________________________
LAP (Zagreb vo zivo) 26.5.1987
Mizar (Helidon) 1988
Mizar (Helidon) 1988
Мизар во живо во Куршумли Ан (Bootleg) 1990
Svjat Dreams (Helidon) 1991
KobnaUbavina – Кобна убавина
(Avalon) 2004
Pogled kon cvetnata
gradina – Поглед кон цветната градина (SJF Rec.) 2007
Мизар и Хармосини -
Детето и Белото Море (MKC) 2010
Литература:
Папазова, Јулијана. 2017. Кратка историја на македонската популарна музика. Скрипта. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Факултет за музичка уметност.
Папазова, Јулијана. 2017. Кратка историја на македонската популарна музика. Скрипта. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Факултет за музичка уметност.
Џамбазоски, Марко.
2015. Мизар: Ѕвезда на надежта. Документарен филм. (Џамбазоски
Марко, сценарио и режија). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и
Методиј“, Факултет за драмски уметности.
No comments:
Post a Comment